Општините од Југоисточниот плански регион, на регионалната седница, одлучија и годинава да се извршат две прскања од комарци, но да се воведе и прскање против ларви од комарци како дополнителна заштита од наезда на овие инсекти.
Огласот за избор на изведувач на авио-прскањето е во тек и се очекува да заврши на 25-ти мај, со што, првото прскање против комарци во општините од ЈИ плански регион, вклучувајќи ја и општина Валандово ќе се извршат во првата половина на јуни.