По нехуманата реакција на жителите од Тимјаник, градоначалникот Перо Костадинов на Фејсбук порача: Општина Валандово е подготвена да отстапи простор за дневни центри за лицата со попреченост

Општина Валандово е подготвена да отстапи простор и и да создава услови за хумани дневни центри за лицата со попреченост, информираше градоначалникот Перо Костадинов на својот Фејсбук профил.

„Сите сме различни, но заслужуваме еднакви шанси“ беше пораката на Градоначалникот по нехуманата реакција на жителите од село Тимјаник, Неготинско, кои денес излегоа на протест против отворањето на центар за згрижување на деца со посебни потреби во атарот на селото.

Нема да дозволиме да се отвори центарот за деца со попреченост во Тимјаник, ѝ рекоа жителите на селото на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.