Павлов: Долгорочна прогноза за Валандово

Времето во Валандово во наредните денови ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и натпросечно топло време. Според моменталните анализи периодот на стабилно и натпросечно топло време ќе се задржи се до крајот од првата седмица од месец ноември, поточно до 5-ти ноември и ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност со умерен дозасилен југоисточен ветер.

Максималните дневни температури ќе се задржат високо над просекот и до петок, сабота, би достигнале до 27°, на моменти и до 28°.

Во недела температурата ќе биде пониска за степен, два. Поради продор на топла воздушна маса од југ ќе имаме лето во  првата недела од месец ноември.

Некаде кон средината на следната недела ќе има постепен пад на температурите, но бидејки се работи за подолгорочна прогноза истата може да има и измени.

Прогнозата ја подготви: Костадин Павлов – метеоролог.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.