Најпрестижното општинско признание во форма на плакета – наградата „6-ти ноември“ ја доби д-р Шенол Тахир, за особени заслуги и афирмирање на општината во областа на културата, како долгогодишен претседател на меѓународниот фестивал „Хит Бах Шен Фест“, село Чалакли – Валандово.
На манифестацијата која се одржа во Домот на културата „25-ти мај“ во Валандово, беа доделени и признанија во форма на диплома и тоа на:
Николчо Гошев – за постигнати резултати на меѓународни натпревари и афирмирање на општината во областа на образованието;
Мартин Динев – за постигнати резултати на меѓународни натпревари и афирмирање на општината во областа на образованието;
Елена Гребенакова – за постигнати резултати на меѓународни натпревари и афирмирање на општината во областа на образованието и
Ристе Турунџиев – за континуирано презентирање на културните традиции и обичаи во општина Валандово во подолг временски период.
На манифестацијата настапија и Распеани Валандовчани а плакетата и признанијата ги додели Претседателот на Советот на општина Валандово – Владимир Марков.
Градоначалникот Перо Костадинов не присуствуваше на денешните настани по повод ослободувањето на Валандово, бидејќи е на службено патување во САД.