Утрово во 05 часот и 47 минути, земјотрес со јачина од 4.2 степени според Рихтер ja потресе соседна Република Грција а најмногу беше почувствуван во јужниот дел на Македонија.
Според Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Валандово, Охрид, Пехчево, Скопје и Штип, епицентарот на земјотресот се наоѓа 180 км југоисточно од Скопје.
Потресот кој најмногу беше почувствуван во јужните делови на земјава беше со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.