СОУ „Гоце Делчев“ го одбележа 3-ти декември – Денот на лицата со попреченост

„Да не оставиме никој зад нас“, „Секој е важен“, „Сите сме посебни“ се само дел од пораките, кои ги упатија учениците од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, одбележувајќи го 3-ти декември – Денот на лицата со попреченост.

Во рамките на проектната активност „Култура на здраво живеење“ учениците од III и IV година спроведоа активност за подигање на јавната свест и информирање на своите соученици и професори за постоењето на оваа популација луѓе. Учениците пишуваа пароли симболично со чорап на раката, затемнети очила или слушалки на ушите, со цел за момент да бидат во светот на овие луѓе.

Во активноста се приклучија и професорите.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.