Високата школа за новинарство и односи со јавноста организираше Медиумски ден во соработка со повеќе печатени, електронски и онлајн медиуми кои се домаќини на ученици од средни училишта од цела Македонија.
Во оваа пригода ученици од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово беа во посета на телевизијата „Вис“ во Струмица, каде научија многу нови работи во врска со новинарството, подготовката на новинарски текстови и препознавањето на лажни информации.
Учениците исто така имаа можност да видат како работи еден медиум и да научат за важноста на пренесувањето точни и вистинити информации.