Спасовски: Целосно ќе биде реконструирана полициската станица во Валандово

Годинава целосно ќе се реконструира полициската станица во Валандово – ова денес го најави министерот за внатрешни работи – Оливер Спасовски, кој беше во работна посета на Валандово, каде оствари средба со раководството на полициската станица. Според него, реконструкцијата ќе обезбеди подобри услови за работа на вработените во станицата.

На средбата со раководството се разговараше и за состојбата во Валандово, кој е еден од најмирните градови во земјава.

Со градоначалникот Перо Костадинов се разговараше за обновување на врските помеѓу локалната заедница и македонската полиција, бидејќи како што посочи Спасовски, само преку врските помеѓу граѓаните и полицијата ќе има и подобра безбедност и подобра соработка.

Меѓу другото, на средбата се разговараше и за подобрување на безбедноста во сообраќајот во општина Валандово, како и можноста за реализација на проектот Save City и во оваа општина.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.