Целосно завршена изградбата на повеќенаменското игралиште во село Калково

Заврши изградбата на повеќенаменското игралиште во населеното место Калково. Во наредниот период следува уредување на просторот околу игралиштето, како и комплетно урбано средување на централниот дел од ова населено место.

Инаку дел од средствата беа обезбедени од општинскиот буџет, а поголемиот дел во износ од 1.536.520 денари, од страна на Владата на Р.Македонија, по претходно распишаниот јавен повик од страна на Бирото за регионален развој, за прибирање предлог проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби.

Градоначалникот Перо Костадинов договорот го потпиша заедно со директорот на Бирото за регионален развој – Рамиз Реџепи.

Со реализирањето на овој проект се создадоа услови за спорт и рекреација, но и поттик да се развие спортскиот потенцијал кај младите од ова населено место.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.