Во Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово одбележан Светскиот ден на поезијата

Со излагањата за љубовните картички на Коста Солев-Рацин и за животот и делото на поетесата Даница Ручигај, вечерва во Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово беше одбележан 21-ви март – Светскиот ден на поезијата.

Излагањето на проф. Елена Остреска за платонската љубов која Рацин ја чувствувал кон Раца и картичките кои ѝ ги испраќал за да ѝ ја искаже љубовта која ја чувствува, допре до срцата на сите присутни. Остреска зборуваше за тоа како Рахилка Фирфова ја доживувала љубовта на Рацин и како, иако никогаш не прозбореле ниту збор, останала засекогаш запаметена како музата на овој поет.

Овој ден беше одбележан и со излагање на проф. Дијана Петрова за животот и творештвото на првата македонска поетеса Даница Ручигај, која во својот краток животен век објавила една стихозбирка а втората нејзина стихозбирка е објавена по нејзината смрт. Со својата контроверзна поезија таа започнала едно ново време за Македонската поетска книжевност.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.