Ноќеска во 2 часот по полноќ, односно на 31 март, завршува зимското сметање на времето и започнува летното, со што, стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот.
Одлуката за денот и моментот на завршувањето на зимското сметање на времето во 2019-та година, е објавена и во Службен весник на Македонија бр.53 од 11.03.2019-та.
Со 410 гласа „За“, 192 „Против“ и 51 „Воздржан“ ЕП ја усвои директивата со која од 2021 година на ниво на ЕУ се укинува полугодишното сметање на времето, а на земјите-членки им е оставен изборот да одлучат дали ќе останат на зимско или на летно сметање на времето.
Со тоа, новата директива не значи автоматско укинување на летното сметање на времето, туку завршува праксата на усогласено поместување на времето на ниво на ЕУ.
Промената со оваа нова директива стапува на сила од 01.04.2021 година, па според тоа, последното заедничко поместување на времето треба да биде последната недела во март 2021 година.
Во Македонија зимското и летното сметање на времето беа воведени во 1996-та година.