На 05.04.2019-та година (петок) во дискотека „Париз“ – Миравци, дел од вечерта, во улога на диџеј ќе се најде градоначалникот на општина Валандово – Перо Костадинов, за хуманитарни цели.
Влезницата чини 60 денари и сите собрани средства ќе бидат наменети за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потреби – Валандово.
Овој проект на „Париз“ – Миравци е со намера да се придонесе за подобро општество за сите и да се поттикнат во него да се вклучат сите чинители во државата.