Новото возило (комбе), кое беше доделено за потребите на корисниците на Дневниот центар за лица со попреченост – Валандово и општина Валандово, од денес е официјално ставено во употреба.
Возилото е доделено преку Агенцијата за управување со одземен имот и е наменето за потребите на корисниците како превезно средство од и до нивниот дом, но и за превезување до повеќе различни дестинации, во зависнот од нивните потреби и активности.

