СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово учествуваше со проект за вертикални градини „Нуклеус био ѕид – Алавандово“. Идејата беше избрана како една од петте најиновативни помеѓу 50-ет други. Во себе опфаќа создавање вертикална градина за одгледување цвеќиња и други видови растенија со поголем капацитет, за прочистување на воздухот во училишните простории.
За реализација на оваа иновативна идеја, училиштето доби грант во висина од 120.000 денари.
Проектот е дел од UPSHIFT програмата развиена од страна на УНИЦЕФ и има за цел преку решавање на социјални проблеми и предизвици да им помогне на младите луѓе да развијат нови вештини, да научат повеќе за социјалното претприемништво и да стекнат нови пријателства.
Програмата ја реализира CEED Hub Скопје со поддршка на Министерство за образование и наука, Фондот за иновации и технолошки развој, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието.