Едно од најголемите имиња на македонската музичка сцена и победник на „Фолк Фест“ – Валандово во 2006-та, Ѓоко Јовиќ, заедно со „Енерџи бенд“, вечерва со почеток од 21 часот, ќе настапи на плоштадот во Валандово.
Настапот на Јовиќ е дел од овогодинешната програма за претстојниот фестивал на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест“, како најава за фестивалската магија која ќе го зафати Валандово на крајот од овој месец.
Освен Јовиќ, деновиве ќе настапат и „Астра бенд“ и Сузана Гавазова.
„Фолк Фест“ со мали измени годинава се одржува по 34-ти пат, на 30-ти и 31-ви мај.