Почна традиционалната ликовна колонија „Валандово 2019-та“

Во Валандово започна традиционалната ликовна колонија „Валандово 2019-та“ во организација на Домот на културата „25-ти мај“, која се организира по 24-ти пат, а ќе трае до сабота, 29-ти јуни. Колонијата има меѓународен карактер.

На неа ќе учествуваат ликовни уметници од Бугарија, Турција, Шведска, Албанија, Србија, Косово, како и уметници од нашата држава кои деновиве ќе творат на неколку локации во градот.

Учесниците на колонијата ќе сликаат во техника акрил на триесетина платна. Насликаните ликовни творби по завршувањето на колонијата ќе останат во сопственост на Домот на култура.

Во текот на утрешниот работен ден, Градоначалникот на општината ќе организира прием за четиринаесетте ликовни уметници кои годинава учествуваат на колонијата во Валандово, со цел да им посака успешни и креативни денови во Валандово и изрази благодарност за учеството.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.