Градоначалникот на општина Валандово – Перо Костадинов е во посета на збратимената општина Лазаревац – Србија. Поводот за посетата е одбележување на денот на општината – Видовден.
Од 21-ви до 28-ми јуни во Лазаревац се одржува свечената манифестација „Денови на Лазаревац“, проследена со многу културни и уметнички настани.
Општина Валандово и Градската општина Лазаревац го обновија договорот за збратимување кон крајот на месец мај, кога делегација од Лазаревац беше во посета на нашата општина. Целта на потпишувањето на повелбата, е да се продлабочат односите на граѓаните и институциите од двете пријателски општини, создавање услови за јакнење на меѓусебната соработка, размена на искуства и знаења, како и интензивирање на поврзаноста меѓу граѓаните, како предуслов за поголем општествен развој на двете заедници.
Инаку, соработката помеѓу двете општини за прв пат беше воспоставена во 1977-та година.