Со корени од валандовско, една од најголемите македонски фолк ѕвезди Ѓоко Јовиќ го издаде својот најнов сингл насловен како „Решив дома да се вратам”.
Видео записот за песната кој е објавен на „Јутуб” за само неколку часа брои илјадници прегледи. Во него како статисти се појавуваат татко на Ѓоко, неговиот син Михаил и македонската актерска легенда Владо Дојчиноски.
Новото музичко парче претставува музичко кант-авторско дело за Јовиќ, додека текстот е потпишан од неговиот долгогодишен соработник, Александар Стевановски.
„Решив дома да се вратам” ја опева исконската копнеж на македонските печалбари по својата татковина.
Ѓоко Јовиќ во 2006-та година, ја понесе првата награда од најреномираниот македонски фестивал за народна музика „Фолк Фест Валандово” со песната „Црвена вишна”, дело на еден од основачите на фестивалот, Леонид Манчев.