Дел од граѓаните во општина Валандово добија писмени известувања дека во ек на пандемија и вонредна состојба во државата, во која и медицинските услуги се сведени на минимум за намалување на контактот помеѓу населението, ќе бидат посетувани по домовите од страна на лица од Државен завод за статистика за да вршат анкета за невработеноста во земјата.
Постои загриженост кај граѓаните кои сметаат дека ваквите непотребни активности, кои не се од исклучитечна важност за државата во моментов треба да се пролонгираат.