Општина Валандово го објави списокот со маркети кои за време на продолжениот полициски час овој викенд ќе можат да вршат достава на намирници до дома.

Поради забраната за движење од денес, петок, од 16 часот, до понеделник до 5 часот, граѓаните ќе можат телефонски да извршат нарачка на неопходни намирници кои ќе им бидат доставени до домот од страна на маркетите.
На повикот за пријавување за добивање дозвола, иако како што ни појаснија од Општината можеле да се јават и такси превозниците тоа не го сторила ниту една.
Во однос на рестораните и доставата на храна до дома остануваат одредбите од претходно, со тоа што секој ресторан кој има досвола може да прима и врши достава на нарачки.