Вчера беше дијагностициран вториот случај на Ковид-19 во општина Валандово.
Од информациите добиени од Центарот за јавно здравје, пациентот е од Јосифово во моментов се наоѓа на болничко лекување во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.
Начинот на кој пациентот се заразил сѐ уште не им е познат на епидемиолозите од ЦЈЗ и во моментов работат на пронаоѓање на изворот на заразата.
Според нивните кажувања сите членови од потесното семејство на пациентот се тестирани на Ковид-19.