По вчерашниот изборен циклус партиите имаа доволно време да ги сублимираат своите впечатпци и да ги анализираат силните и слабите страни на своите кампањи.
Во Валандово, Коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ беше поуспешна од своите политички ривали и прогласи победа само неколку часа по затворањето на изборачките места.
На чело на валандовскиот огранок на најголемата партија од мандатарската коалиција е младиот Петар Зајков.
Петар го прашавме за свое видување на вчерашните Предвремени парламентарни избори.
“Зад нас, е еден од најважните изборни процеси досега, организиран на специфичен начин поради епидемијата од коронавирус и пропратен со нови правила на игра. Во нашата општина, граѓаните имаа можност слободно и самостојно да бираат помеѓу понудените политички опции и повеќето од нив го искористија тоа право.
Како претседател на СДСМ – Валандово, особено сум горд на стекнатата доверба од граѓаните и сакам да изразам благодарност до секој еден граѓанин кој го искористи своето право на глас. Изборите се важна демократска алатка во заедницата и суштествен елемент за градење општество на напредок и соработка.
Победата на СДСМ во општина Валандово ја потврдува исправноста на политиките кои ги спроведуваме на локално и државно ниво, и не охрабрува да продолжиме по тој пат похрабро и попосветено.
Од денес, фокусот е на новите цели, интеграциите и подобрата благосостојба за граѓаните. Ќе се посветиме секому. Нема да отфрлиме никого. Сите заедно ќе се обединеме, во име на сопствената општина и заедничката држава.“