За првпат од основањето на ЈЗУ Здравствен дом – Валандово направена е набавка за обезбедување на ново амбулантно возило од сопствени средства, изјавија од установата.
Возилото ќе биде ставено во функција веднаш, и ќе биде дадено на користење на службата за итна медицинска помош и домашно лекување. Со ова возило овозможуваме брз и адекватен превоз на сите пациенти од општина Валандово и пошироко.
