Заврши асфалтирањето и бетонирањето на деветте градски улици и сокаци во Валандово, кои беа предвидени во „Годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици“.
За реализирањето на овој дел од оваа програма општината потроши 2.468.974 денари – средства добиени по претходно реализираната јавна набавка. Дел од неа е и санирањето на одредени оштетени делови од останатите улици во градот, кое е предвидено да се заврши во наредните денови и со тоа ќе биде извршена целосна реализација на овогодинешната програма за изградба, реконструкција и одржување на локални улици и патишта, која претходно беше донесена од страна на Советот на општина Валандово.