КУД „Гоце Делчев“ – Валандово учесници на фолклорниот фестивал „ТРОЈА“ – Турција

После успешното претставување во Синдирги, културниот амбасадор на нашиот град продолжува да ја освојува Турција. Од 26-ти до 30-ти oктомври, КУД „Гоце Делчев“ –  Валандово ќе учествува на Фолклорниот Фестивал „ТРОЈА 2018 година“.

Оваа година е прогласена година на ТРОЈА од страната на УНЕСКО, а овој фестивал се организира во склоп на ова празнување со цел подобрување на интеркултурните релации, запознавање со традицијата, културата и националните танци на различните земји учеснички.

Фестивалот се одржува во Чанаккале, историски и туристички град во областа Мармара. Историјата на градот започнува со археолошкиот локалитет Троја каде се случувале најважните битки во регионот. Членовите на КУД „Гоце Делчев“ ќе имаат можност да го посетат ова историско место и да ги слушнат познатите легенди за Тројанскиот коњ и за победите од Чанаккале.

Како претставници од Македонија, членовите на КУД „Гоце Делчев“ Валандово, ќе учествуваат на дефилето по повод отворањето на фестивалот и ќе настапат со сплет од македонски традиционални ора. Освен од Македонија учесници ќе има и од Казахстан, Русија, Непал, Босна и Херцеговина, Романија, Србија, Црна Гора, Украина и други земји.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.