Синоќа во Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово беше промовирана првата книга поезија на познатиот македонски афористичар Ѓорѓи П.Панов од Струмица.
Панов е инаку автор на пет книги со афоризми и со неговото творештво придонесува кон популаризирање на афоризмот кај нас и во светот.
Неговата прва стихозбирка содржи 15 родољубиви и 10 песни со љубовна лирика. Мотивот на неговите родољубиви песни лежи во се она што моментално се случува во неговата татковина а мотивот за љубовните пак, е восхитот кон жената.
Две од неговите збирки афоризми се преведени и на англиски јазик.