Валандовските средношколци дел од проектот „Сјајот на природата“ во Бугарија

Група средношколци од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, со професорките Ташка Гетова и Ангелина Занова, се дел од проектот „Сјајот на природата“ во Сандански, Р.Бугарија. Овој проект се реализира во партнерство со училишта од неколку земји а е дел од Програмата Еразмус +.

Активностите на овој проект се насочени кон еколошката едукација и развојот и промовирањето на националните резервати и природното наследство. Како дел од овој проект се обуките кои учениците ќе ги посетуваат а кои се однесуваат на нивно запознавање со тоа како да научат да ги препознаваат различните растителни видови, потоа активности за заштита на животната средина и подигнување на свеста за еколошките проблеми, со цел да се постигне позитивен развој во регионите на земјите учеснички, притоа користејќи различни ИКТ-апликации.

Дел од престојот во Сандански е и посетата на гимназијата „Јане Сандански“, како и посета на „Рожденски манастир“ и Информационото биро за националниот парк „Пирин“.

Освен валандовските средношколци, во Бугарија моментално се и ученици од Велика Британија, Италија, Хрватска и Франција.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password