Годинава во Валандово повторно ќе се одржи Бадникова Поворка во чест на Христовото раѓање, во која ќе учествуваат деца од општината.
Од Гевгелиско Архиерејско Намесништво информираат дека на 6-ти јануари, за Бадниковата Поворка, црквата „Св.Вмч.Димитриј“ од Валандово организира превоз за децата кои ќе бидат дел од поворката, од населените места: Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци и Брајковци.
За децата од Пирава: во 09:30ч. пред училиштето „Гоце Делчев“;
За децата од Балинци: во 09:30ч. пред поштата;
За децата од Брајковци: во 09:30ч. пред игралиштето;
За децата од Јосифово: во 09:30ч. пред училиштето „Страшо Пинџур“;
За децата од Удово: во 09:30ч. пред училиштето во Удово;
За децата од Грчиште: во 09:30ч. пред училиштето во Грчиште;
За децата од Марвинци: во 09:30ч. пред училиштето во Марвинци;
Две комбиња ќе бидат пратени за Удово, Јосифово и Пирава и
едно комбе за Грчиште, Марвинци, Балинци и Брајковци.
Минатата година за Бадниковата Поворка во Македонија дури 7.320 деца од 25 градови ја создадоа најголемата коледарска дружина, пеејќи ја „Вечниот Бог“.