Започна изградбата на пешачка патека која ќе ги поврзува Брајковци и Балинци

Денес (17.01.2018 година) по спроведената јавна набавка на системот за јавни набавки e-nabavki.gov.mk, започна изградбата на пешачка патека која ќе ги поврзе населените места Брајковци и Балинци.

Пешачката патека ќе биде во должина од 1.250 метри, со големина од 1.500 метри квадратни, ќе се изведува 30 работни дена и истата има за цел да ја олесни комуникацијата на граѓаните од двете населени места и да ја зголеми безбедноста на учениците кои посетуваат настава во ПОУ „Даме Груев“ во Брајковци.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.