На 25.01.2019-та година (петок), во Кино салата во Валандово, со почеток од 19 часот, ќе се одржи концерт во чест на легендарната македонска, музичка ѕвезда – Тоше Проески.
На концертот, незаборавните и големи хитови на Тоше ќе ги исполнува „Астра Бенд“.
Влезот на концертот е слободен.