Средното општинско училиште „Гоце Делчев“ – Валандово е добитник на грант за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта.
На листата која беше објавена од страна на министерството за образование и наука, валандовската гимназија е рангирана со 61 бод.
Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи, кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.