Претставник од Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центар за вработување Валандово на учениците од четврта година од СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, им одржа предавање за можностите за самовработување преку отворање на сопствен бизнис и добивање на неповратни грантови од нашата држава.
Учениците беа запознаени со актуелните мерки кои ги нуди Агенцијата за вработување, со цел, да бидат информирани за можностите кои можат да ги искористат по завршувањето на средното образование.