Пораз за КМФ „Проект-Цико“ по синоќешниот натпревар на домашен терен

Екипата на КМФ „Проект-Цико“ синоќа доживеа пораз (5:8) по натпреварот со КМФ „Железарец“, кој се одржа во спортската сала „Филип Втори“ – Валандово. Стрелци на КМФ „Проект-Цико“ беа: Костадинов (3) и Митков (2).

Според резултатите на табелата на Првата футсал лига на Македонија, „Проект-Цико“ се наоѓа на 6-тото место, со вкупно освоени 24 бода.

Следниот натпревар од 18-то коло, ќе го одиграат на гостински терен против екипата на КМФ „Гемиџии“.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.