Во детската градинка „Калинка“ – Валандово, на 14-ти февруари 2019 година се одржа обука за ран детски развој и учење, на теми: Како учат децата? Развој на говор од 0 до 6 години и стимулативна средина за учење. Обуката за професионален развој е наменета за воспитувачи, стручни соработници и стручни работници од истоимената предучилишна установа.
Темите на обуката опфаќаат исклучително актуелни и современи педагошко-психолошки аспекти на воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Обуката беше од интерактивен карактер.
Евалуацијата покажа дека постои потреба на стручњаците од практиката за организирање и реализирање на обуки од ваков карактер и истата беше позитивно вреднувана.
Реализатори на обуката беа: проф. д-р Лена Дамовска (доктор по педагошки науки), проф. д-р Ана Фрицханд (доктор по психолошки науки) и проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска (доктор по педагошки науки) Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје.