Бура од емоции предизвика синоќешната изведба на „Пиреј“ од страна на средношколците Катерина Јовановиќ во улогата на Велика и Александар Илов во улогата на Јон, која се одржа во кино салата во Валандово.
Талентираните средношколци не ја оставија рамнодушна публиката, пренесувајќи ѝ ги емоциите на главните ликови во книгата на Петре М.Андреевски и болката на македонскиот народ во време на војна.
Изведбата на „Пиреј“ во режија на Кире Ѓоргиев, беше поздравцена со овација од страна на публиката.

