Во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово, викендот што измина (16-ти и 17-ти февруари), продолжија активностите од проектот Мерка-3 финансиран од Министерството за образование и наука.
Како дел од овој проект беше реализирана обука за четвртата група ученици на тема „Управување со време“. На обуката учениците имаа можност за интерактивно учество во предавањата.
Претходно неколку ученици беа дел од обука на тема „Справување со конфликти“ – дел од проектот „Воспоставување на курсеви со решавање на проблеми, за зајакнување на меките вештини кај учениците“.