Се поставува нов систем на осветлување на булеварот „Првомајска“ во Валандово. Новиот систем во себе опфаќа поставување на 14 нови челични столбови, нова кабелска инсталација, како и целосно заменување на старите натриумови со 42 нови штедливи ЛЕД сијалици.
Со тоа значително ќе се допринесе во подобрувањето на прегледноста на возачите во најфрекфентниот дел од градот и зголемувањето на безбедноста на сообраќајните учесници.