Министерството за образование и наука донесе одлука да се одработат двата изгубени денови од продолжениот зимски распуст.
Направено е дополнување на Календарот за организација и работа на основните и средните училишта во учебната 2018/2019-та година. Календарот е објавен во Службен весник на Република Северна Македонија број 54 од 13.03.2019-та година.
Согласно дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните и средните училишта во учебната 2018/2019-та година – Воспитно-образовната работа за учениците се организира во следните саботи: 16-ти март, со кој се одработува 21 јануари и ќе биде со распоред на часови од понеделник и 30-ти март, со кој се одработува 22 јануари со распоред на часови за вторник.