На 19.03.2019-та година (вторник) во 12 часот, учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово ќе имаат завршна активност која е дел од проектот „Градиме училиште во кое сплотени постигаме повисоки цели“.
Овој проект е финансиран од фондацијата „Отворено општество“. Училиштето доби грант од фондацијата за опремување на просторија во која ќе се реализираат проекти и активности за меѓуетничка интеграција во образованието.