Валандовските средношколци дел од проектот „Сјајот на природата“ во Хрватска

Од денес (25.03.2019-та година) група валандовски средношколци се во Хрватска, како дел од проектот „Сјајот на природата“.

Македонија, Бугарија, Хрватска, Франција, Италија и Англија, се партнери на овој проект, кој е дел од „Ерасмус +“ програмата.

Активностите на овој проект се насочени кон еколошката едукација и развојот и промовирањето на националните резервати и природното наследство. Учениците ќе посетуваат обуки за нивно запознавање со тоа како да научат да ги препознаваат различните растителни видови, потоа активности за заштита на животната средина и подигнување на свеста за еколошките проблеми, со цел да се постигне позитивен развој во регионите на земјите учеснички, притоа користејќи различни ИКТ-апликации.

Претходно, средношколци од Валандово како дел од овој проект беа и на обуки во Бугарија.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.