Општина Валандово објави оглас за изградба на улица во населеното место Марвинци, општина Валандово.
Улицата треба да биде во должина од 537 метри, од кои 325 со ширина од 4 метри и 212 со ширина од 3,5 метри.
Се работи за улицата во таканареченото Горно Маало, која од Општината е издвоена како најкритична и приоритетна за асфалтирање.
Максималната вредност на договорот изнесува 2.5 милиони денари.