Еко-акција во Валандово за чистење на „Сува Река“ над Визба Валандово

На 6-ти април 2019-та година (сабота) во 11 часот, во Валандово ќе се одржи граѓанска еко-акција за чистење на „Сува Река“ над Визба Валандово.

Со цел граѓаните на Валандово да дадат заеднички придонес за почиста животна средина и животни навики, првиот човек на општината Перо Костадинов ги повикува да се приклучат на акцијата во што поголем број.

На акцијата ќе се придружат и активистите од граѓанското здружение „Не биди ѓубре“.

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.