Презентиран генералниот урбанистички план за Валандово, неговата намена и сообраќајна инфраструктура

Денеска во просториите на Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово, се одржа прелиминарна презентација на генералниот урбанистички план за градот Валандово, неговата намена и сообраќајна инфраструктура и за тоа, како се работи истиот. Со овој план сѐ уште не се дефинирани градежните парцели и станбените пристапни улици.

Присутните граѓани беа запознаени со идеите за опфатот од 178,41 хектари на генералниот план што треба да се донесе. Според него, предвидено е проширување во југозападниот, југоисточниот и северозападниот дел на градот, кое ќе стане градежно земјиште. Се дефинира главната улична мрежа, на која примарна е трасата на регионалниот пат.

На презентацијата немаше одговор за тоа кога ќе биде конечно донесен деталниот урбанистички план за Валандово. На присутните им беше објаснето дека тој процес е комплициран и долготраен, односно, дека обично трае со години и дека најпрво, во период од околу 6 месеци треба да се усвои генералниот план и да помине низ комплетна законска процедура па дури потоа чекор по чекор да се разработува и се останато.

До 10.05.2019-та година (петок), сите заинтересирани граѓани и правни лица можат да се обратат во просториите на општина Валандово за се што ги интересира во врска со генералниот план и ќе можат, на анкетен лист да достават писмени забелешки, предлози и мислења.

Инаку последниот детален урбанистички план за Валандово е донесен во 90-тите години.

 

 

 

Коментари


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.