ООУ „Страшо Пинџур“ – Јосифово во текот на месец мај ќе врши упис на ученици во прво одделение, за учебната 2019/20 година. Се запишуваат децата родени во 2013-та година.
За денот, времето и местото, родителите дополнително ќе добијат покана.
За запишување потребно е: Извод од матичната книга на родените (без оглед на важноста); Потврда за примени вакцини; Потврда за систематски преглед од стоматолог, кои детето може да ги добие од 6-ти до 8-ми мај, кај детски заболекар во „Здравен Дом“ – Валандово и присуство на детето со родителот.