Времето утре (петок), ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, a ќе дува и слаб ветар.
Во сабота ќе имаме преодно стабилно време, со раст на максималните температури. Максималната темпетатура ќе се искачи до 23-24°степени.
Со формирање на циклон околу јужниот дел на Италија и делот на Јонското море, во недела, времето во Валандовско ќе биде променливо облачно, а облачноста постепено ќе се зголемува во текот на денот, во попладневните и ноќните часови се очекуват врнежи од дожд и ретки грмежи.
Понеделник времето ќе се задржи врнежливо и на места со пороен дожд, грмежи и можен ситен град.
Да напонениме, во понеделник ќе биде критичен ден, како за земјоделците така и за сточарите. Според направените анализи се очекува во понеделник да наврне и над 50 л/м2.
Вообичаено, при обилни врнежи во општината ќе се појават проблемите со Калковска река, со можност за излевање, ронење на карпи и слично.
Прогнозата ја подготви младиот синопричат Костадин Павлов од метео-порталот mkmeteo.mk.