Општина Валандово со грант од 800 илјади денари ќе гради систем за прочистување на отпадни води

Општина Валандово, доби грант во висина од 800.000 денари од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, за изработка на проект за изградба на систем за одведување и прочистување на отпадни води.

Грантот, е доделен по претходно распишаниот конкурс на Министерството за животна средина, преку програмата за животна средина за 2019 година, на кој Општина Валандово конкурираше.

Целта на реализацијата на овој проект е превземање на чекори кон изградба на прочистителна станица и решавање на еден од најсериозните проблеми од сферата на животната средина, за граѓаните на Општина Валандово.


⚠ Преземањето авторски текстови и фотографии е дозволено единствено доколку се почитуваат принципите за фер користење на содржина или со претходна дозвола од медиумот.

Valandovo.mk е дел од 034 Медија Груп. Покрај Valandovo.mk групацијата е издавач и на онлајн медиумите Vesti.sr, 24Gevgelija.mk, Bogdanci.mk, 24Dojran.mk и Radovis.mk.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password