Сите детали за овогодинешното издание на „Фолк Фест Валандово“ ќе бидат објавени на прес-конференцијата која е закажана за 21-ви мај

На 21-ви мај 2019 година (вторник) со почеток во 12.00 часот во просторот на ЕЛС на општина Валандово, ќе се одржи прес – конференција на која ќе се објават деталите за годинешното издание на „Фолк Фест Валандово“, кое ќе се одржи на 30-ти и 31-ви мај 2019 година.

На прес конференцијата ќе се обратат Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, членовите на Програмскиот Совет на Фолк Фест Валандово, Живоин Глишиќ, Методија Автовски и Ѓоко Павлов како и водителите Ѓорги Калајџиев и Ирена Спировска.

По завршување на прес конференцијата ќе се изврши ждрепка за избор на редоследот на учесниците во втората натпреварувачка вечер која ќе се одржи на 31 мај.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password