На 21-ви мај 2019 година (вторник) со почеток во 12.00 часот во просторот на ЕЛС на општина Валандово, ќе се одржи прес – конференција на која ќе се објават деталите за годинешното издание на „Фолк Фест Валандово“, кое ќе се одржи на 30-ти и 31-ви мај 2019 година.
На прес конференцијата ќе се обратат Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, членовите на Програмскиот Совет на Фолк Фест Валандово, Живоин Глишиќ, Методија Автовски и Ѓоко Павлов како и водителите Ѓорги Калајџиев и Ирена Спировска.
По завршување на прес конференцијата ќе се изврши ждрепка за избор на редоследот на учесниците во втората натпреварувачка вечер која ќе се одржи на 31 мај.