Актуелната претседателка на ОО на СДСМ – Валандово, Лазарова, ја поздрави одлуката за промена на претседателите на сите општински организации на партијата

Денес, претседателот на владејачката партија СДСМ, Зоран Заев, најави промена на сите претседателски места во општинските организации на партијата.

На прашање како би ја икоментирала одлуката на Заев, Мери Лазарова, претседател на ОО на СДСМ – Валандово, за Валандово.мк изјави: „Статутот на нашата партијата овозможува мандатарско право на одлука на претседателот на партијата за назначување / разрешување на претседателите на општинските организации. Во насока на возобновување на севкупниот амбиент, на места  потребни се одредени промени. Ја поздравувам одлуката, промените да почнат од партиските структури, и да продолжат. На синоќешната координација на раководството на партијата, претседателот Заев, ја донесе одлуката за генерално разрешување на сите претседатели на општински организации. Сѐ уште немам добиено известување, но сметам дека ќе се донесе набрзо одлука за отпочнување на нова постапка за избор на раководства по општински организации.“

Мери Лазарова на функцијата претседател на ОО на СДСМ – Валандово дојде во септември, 2013 година, на Отворениот повик за самокандидирање. Покрај претседателствувањето со локалниот огранок на СДСМ, Лазарова е и актуелен пратеник во Парлментот од редовите на СДСМ.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password