Во тек е пријавувањето за учество на општинскиот натпревар по Прва помош

Во тек е пријавувањето за учество на општинскиот натпревар во Прва помош.
Критериумите за учество се:

Секоја екипа треба да има точно 6 члена. Индивидуалните пријавувања нема да се земаат предвид;

Од основните училишта е дозволено да се натпреваруваат само ученици од осмо и деветто одделение;

Дозволено е членовите на екипите да бидат од различни училишта и на различна возраст;

Екипите со учесници од осмо или деветто одделение се натпреваруваат со нивни врсници и екипите од прва, втора, трета и четврта година или факултет се натпреваруваат со врсници;

Сите екипи кои сакаат да учествуваат треба да достават Име, презиме, возраст, училиште и телефонски број на секој учесник, во порака или во канцеларијата на ООЦК Валандово.

За пријавените екипи, ООЦК Валандово ќе обезбеди супозиции за прва помош, простор за вежбање и ментор. Ослободувањето од часови не е дозволено и нема да се оправдува.

Коментари

Login

Добредојдове! Логирајте се на вашата сметка

Запомни ме Заборавена лозинка?

Lost Password